Ви го претставуваме новиот модел на статичен велосипед YESOUL М1. Паметниот статичен велосипед ќе ви помогне во домашни услови да согорите калории а притоа да ги зајакнете вашите мускули на нозете, колената како и стомачните мускули.
Велосипедот зазема мал дел од просторијата односно 0,5 метри квадратни и тежи околу 30 килограми. Неговата основа во облик на H дава безбедност при користењето а може да издржи максимална тежина до 100 килограми.
Дополнително олеснување при употребата на производот даваат и тркалата со чија помош лесно ќе го пренесувате од една во друга просторија во домот. Велосипедот е опремен и со држач за телефон со димензии 19-5", за поголемо уживање во текот на возењето.
Преку апликацијата Yesoul Sports имате можност да ја пратите статистиката на вашето вежбање и тоа податоци за срцевите отчукувања, согорени калории, изминати километри и слично. Со помош на магнетната резистентност ќе уживате во комфорно и тивко возење без притоа да им пречите на останатите членови од семејството.
Велосипедот симулира вистинско вртење на педалите, така што имате можност да вртите нанапред и наназад а исто така може и да го подесите интензитетот на возење во зависност од вашата состојба или расположение.
