Xiaomi Smart Air Purifier 4 Pro прочистувач на воздух
Ви го претставуваме новиот, уште потивок, поефикасен, практичен прочистувач на воздух со вградена технологија на негативни јони - - Mi Air Purifier 4 Pro. Производот е одличен за површини до 60м².
Се карактеризира со добро познатиот дизајн како и неговите претходници. Разликата со останатите модели ја прави новата горна решетка која може да се отстрани а со тоа значително се олеснува чистењето на вентилаторот и воздушните канали.
Опремен е со OLED екран на кој ги прикажува сите податоци во реално време. Светлосната трака воо три бои дава повратна информација во врска со квалитетот на возудухот во затворениот простор и затоа имате можност според потребите да одберете еден од шесте начини на работа. Секако, прочистувачот може да се контролира и на далечина и тоа преку Mi Home апликацијата. Доколку пак сакате да комуницирате преку гласовен асистент, тоа може да го правите со помош на Google Assistant и Amazon Alexa.
Mi 4 Pro користи PM2.5 и PM10 ласерски сензори со висока прецизност па така во живо може да ги согледате загадувачите на воздухот како прашина, влакна од домашно милениче и други штетни честички кои циркулираат во воздухот. Опремен е исто така и со филтер со пет слоеви а значително се зголемени и наборите на самиот филтер.
Негативните јони помагаат во чистење на воздухот а вам ви даваат чувство дека се наоѓате во шума со свеж и здрав воздух.
Што се однесува до другите перформанси, Mi Air Purifier 4 Pro може да испорача 8330 литри чист воздух во една минута. Со помош на капацитетот за чистење PCADR (Particle Clean Air Delivery Rate) od 500m³/h (FCADR 185m³/h), елининира дури 99,97% влакна од домашното милениче, прашина, други влакна, чад, ситни честички со големина од 0,3 микрони.
Се карактеризира со јачина на звук од само 33.7 dB.
