- -500
Xiaomi COCLEAN може да се пофали со иновативен дизајн и моќ од 7.2V, овозможувајќи чистење на автомобилот до 4 пати со само едно полнење. Поддржува технологија за брзо полнење, и може целосно да се наполне за само 1,5 часа.
Лесна, тивка и едноставна за употреба, ергономски дизајнираната правосмукалка е опремена со млазница идеална за чистење на сите тешко достапни места.
Запушувањето на филтерот никогаш нема да биде проблем затоа што циркулацијата на прашината завршува во вградениот резервоар за отпадоци.
COCLEAN Правосмукалката функционира благодарение на вградената надополнлива литиумска батерија од 2000mAh и има LED светло за осветлување на тешко дофатливи места. Заборави на неподносливите заплеткани кабли. COCLEAN е безжична, може да се преносува секаде и не зафаќа многу простор.
Секогаш на дофат и подготвена за употреба. Може да се складира било каде и перфектно се вклопува во ентериерот на автомобилот со својот елегантен дизајн.










