OVICX Q100C - Стабилно и удобно возење во домашни услови!
Новитет во нашиот каталог е статичниот велосипед OVICX Q100C. Сега имате можност да уживате во неповторливо искуство и стабилно и тивко возење во домашни услови.
Функции и перформанси
Преку магнетската отпорност во комбинација со врвната структура на синџирот ќе уживате во комфорното возење во било кое време од денот. Вежбајте ги истовремено стомачните мускули, нозете, колената и согорувајте калории. Компактен дизајн благодарение на кој велосипедот зафаќа минимална површина во домот.

За поголема удобност при користењето, велосипедот е опремен со мали тркала така што може да го пренесувате од една во друга просторија без никаков напор.
InfinAdapt Drive – Со само едно подесување на копчето за регулација на возењето, може да го менувате и адаптирате интензитетот на возењето.
Персонализирано возење – OVICX Q100C има опција за подесување на 8 различни висини и 7 положби на седиштето напред/назад како и 3 различни висини на рачките. Овие перформанси ќе ви овозможат удобна и пријатна положба во текот на целото вежбање.

Удобни педали – педалите се изработени така да овозможат удобно чувство на стапалата а истовремено да штитат од несакано лизгање.
LCD екран - на екранот пратете ги изминатите километри, времето и брзината како и бројот на согорени калории и многу други податоци поврзани со вежбањето.
OVICX Q100C пружа 100% ефикасно возење бидејќи го симулира возењето велосипед во реална ситуација. Статичниот велосипед е идеална направа за вежбање во комфорниот дом за сите оние кои немаат многу слободно време, за моментите кога нема да ве служат временските услови и едноставно за сите оние кои сакаат да возат и вежбаат во било кој дел од денот.

Доколку се уште се двоумите погледнете ги сите останати карактеристики на производот кој е достапен за нарачка на следниот линк OVICX Q100C
All comments